Дуото „Броз и Марама“ има фраерски хит: „Сокаци тесни“ од „Охрид-фест 2025“

30

Има многу примери кога една фестивалска песна нема да ја освои публиката „од прва“, но потоа со необјасниво чудо, станува хит. Тоа чудо се случува токму со песната „Сокаци тесни“, која неодамна ја слушнавме на фестивалот „Охрид фест 2025“ на сцената на „Долни Сарај“. Иако не победи според гласовите на публиката, таа сега не се симнува од топ-листите. А, тоа е најважно, поважно од наградата. Исполнител е музичкото дуо со многу необично име, „Броз и Марама“.

Песната е комплетно авторско дело на Јовица Каралиевски. Зад продукцијата се потпишува Кристијан Љушев. Во многу интересен спот за песната покрај атрактивните фраери Броз и Марама, настапуваат сексапилните „фраерки“: Александра Маленков и Билјана Дивоно. За „Сокаци тесни“ и музичките новинари велат дека поради својата певливост и заразен рефрен, песната ги има сите елементи да стане дури и хит на годината. Секако, доколку продолжи да се врти по радио и ТВ-станиците, со ова истото темпо.   (Д. М.)  фото: од видео-спотот

 

ИЗДВОЕНИ