ДУИ се залага за една изборна единица со отворени листи и изборен праг од 3 до 5 проценти

1256

Опозициската Демократска унија за интеграција го поддржува предлогот за воведување на Една изборна единица со отворени листи но смета дека треба да постои изборен праг за избор на пратеници. Ова денеска за весникот ВЕЧЕР го изјави Арбр Адеми, партискиот портпарол на оваа опозициска партија.

Врзано за предлозите за промени во Изборниот законик кои деновиве се случуваат од оваа партија наведуваат дека и тие сметаат дека е потребна промена на Изборниот законик.

Демократската унија за интеграција, во рамки на своите континуирани напори за унапредување на демократскиот систем и зголемување на правичната застапеност на граѓанската волја, предлага промена на актуелниот изборен модел од шест изборни единици во една изборна единица со отворени листи, со воведување на изборен праг од 3 отсто од регистрираните избирачи, или алтернативно, праг од 5 отсто од гласачите кои учествувале на изборите, како механизам за гарантирање на стабилност и политички избалансирана застапеност – ни изјави Адеми.

Оттаму додаваат дека ДУИ останува посветена на изградбата на по-демократски, инклузивен и функционален изборен систем, во согласност со европските стандарди и преку консензус. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ