ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници: Дехари и Арифи во трка за нов мандат

50

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево.

За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат за градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќири, за Општина Студеничани е Ејуп Абази.

Централното претседателство на ДУИ одлучило да ја поддржи независната кандидатура за градоначалник на Општина Брвеница на Енвер Пајазити.

Адеми информира дека Централното претседателство на партијата донело одлука за имињата на носителите на советничките листи на неколку општини. Во Општина Дебар, носител на листата на советниците ќе биде Артин Спахиу, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Дебар. Во Општина Сарај, носител на листата ќе биде Илjаз Весели, актуелен в.д. градоначалник на Општина Сарај. Во Општина Врапчиште носител на советничката листа ќе биде Евзал Арслани.

Адеми најави дека на следните седници на Централното претседателство на партијата ќе одлучат за кандидатите за градоначалник на Градот Скопје, на Општина Боговиње, на Општина Долнени, на Општина Пласница и носителите на советничките листи за општините Теарце и Арачиново.

Претходно, ДУИ ги објави имињата на кандидатите градоначалници во Општина Чаир да биде Бујар Османи, во Општина Тетово кандидат да биде Бајрам Реџепи, во Општина Желиво – Емир Сулејмани.

ИЗДВОЕНИ