вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДУИ не попушта за Народен правобранител: Не го прифаќаме Фатон Сељмани за...

ДУИ не попушта за Народен правобранител: Не го прифаќаме Фатон Сељмани за кандидат

111

Парламентарните политички партии тешко дека ќе постигнат договор околу изборот на новиот Народен правобранител на кој денеска повика сообранискиот претседател Африм Гаши. Од опозициската коалиција НАИ, предводена од ДУИ, денеска ни изјавија дека тие и натаму не се согласуваат со предлогот Фатон Сељмани да биде нов Народен правобранител.

–Остануваме на досегашниот став со кој не го прифаќаме тој кандидат. Тој е партиски војник и потребен е друг посоодветен кандидат. А што се однесува до Бадентеровото правило, за тоа нека му мисли оној што го предлага – ни изјави Арта Зендели, партиски портпарол на ДУИ.

Проблемот со неизборот на наследникот на Насер Зибери, кому во јули му заврши мандатот, настана откако не можеше да се обезбеди големо Бадентерово мнозинство, односно гласови на 20 пратеници од немакедонските заедници. Сељами, кој е поддржан од коалицијата „Вреди“, инаку, е раководител на подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош. Тој беше предложен по спроведениот конкурс на кој се пријавија 17 кандидати. Фатон Сељами досега не ја повлече од кандидатурата. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ