ДУИ чека на официјална покана од Мицкоски за лидерска средба

336
Mass Image Compressor Compressed this image. https://sourceforge.net/projects/icompress/

Прво да се добие покана, а потоа ќе се изгради став дали опозициската ДУИ ќе присуствува на лидерската средба која вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски. Ваков став денеска соопштија за весникот ВЕЧЕР од редовите на „интегративците“ во одговорот на прашањето дали ќе присуствуваат на средбата која ја планира да ја свика претседателот на Владата.

-Поканата се уште не е пратена, останува само најавена. Кога ќе стигне, ќе градиме став во врска со истата – изјави денеска за весникот ВЕЧЕР Арта Биљали, партиската портпаролка.

Од останати опозициски партии се уште нема реакции околу најавената лидерска средба.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави свикување на лидерска средба со цел постигнување широк политички консензус за укинување на „Пржинскиот модел“ на техничка влада и усвојување на клучни реформски закони. Иницијативата, која треба да се реализира пред неговото заминување во Давос, цели кон нормализација на изборните процеси и забрзување на евроинтеграциите преку дијалог со опозицијата. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ