Фото: pexels

Духовденската Задушница, позната и како летна, се чествува денеска и утре пред празникот Света Тројца, познат и како Духови или Педесетница. Овој празник се слави 50 денови по Велигден и 10 дена по Спасовден. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

На денот на одбележувањето на оваа Задушница, во црквите се служи света литургија и панихида, а се читаат молитви за сите починати. На гробиштата се палат свеќи, а свештениците извршуваат индивидуални панихиди, молејќи го Господа да биде милостив кон покојникот.

Според вообичаениот календар, посетата на гробиштата за време на панихидата се смета за обврска на роднините. Ако тоа не е можно, свеќа може да се запали во црквите. Духовденските задушници се споменуваат во црковните книги уште од 12 век. Наместо вообичаеното принесување храна, Црквата повикува на молитва и дарување на сиромашните, болните и прогонетите.

На овој празник се верува дека свеќата запалена на задушница, гори до следната. Исто така, постои верување дека ако не се запали свеќа за помен, мртвите ќе бидат во темнина една година.

Вообичаено е на гробиштата да се носат варено жито, вино и свеќи. Изнесувањето различни јадења и пијалоци не се смета за православен обичај. Зрното симболично не потсетува на Христовите зборови дека житото дава плод само кога умира, и тоа не во темнината на земјата, туку во светлината на сонцето.

ИЗДВОЕНИ