Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, е новиот кошаркар на Дубаи. Клубот од Обединетите Арапски Емирати го потврди пристигнувањето на најголемото засилување во кратката историја. Претходно беше објавено дека тој ќе потпише тригодишен договор вреден 10 милиони евра со Дубаи.

МВП на АЦБ-лигата за 2022 година доаѓа во својот нов клуб по освојувањето на шпанското првенство, по „метлата“ во финалето против Валенсија. Откако се приклучи на Реал пред три години, репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја освои Евролигата во 2023 година, две титули во шпанското првенство, Купот на Шпанија (2023) и два Суперкупа на Шпанија.

За Муса, преселбата во Дубаи ќе биде и враќање во АБА-лигата каде што претходно играше за Цедевита од 2015 до 2018 година, на почетокот на неговата кариера.

ИЗДВОЕНИ