Кошаркарскиот клуб Дубаи постои веќе две години и растат неговите амбиции во Емиратите. Прво играше во АБА-лигата со солиден тим, потоа оваа сезона драстично се засили и дебитираше во Евролигата и планира следната година да биде сериозен фактор и да ја нападне шампионската титула.

Според информациите од специјализираниот шпански портал „Енцестандо“, прво засилување на Дубаи за следната сезона ќе биде одличниот шутер Андреас Обст (30) од Баерн од Минхен. Тој е долгогодишен член на германската репрезентација, кој ги освои Светското и Европското првенство со овој тим, а е и многу важен играч за Баерн. Се смета за најдобриот „тројкаш“ во Евролигата, па затоа не изненадува што одлучи Дубаи да го ангажира.

ИЗДВОЕНИ