Дуа Липа е светски популарна поп-пејачка која по националност е Албанка со потекло од Приштина, но родена е во Лондон во 1990 година, кога нејзините родители дојдоа да живеат во Англија. Израснала во музичкото семејство во кое таткото Дукаѓин Липа беше пејач (во времето на Југославија).
Таа сега, израсната во возрасна девојка вистински ужива во животот на висока нога, далеку од Приштина. Неодамна по успешниот концерт во Мексико, замина во тропскиот дел од Планетата каде им се препушти на убавините на топлото лето. Додека Европа и останатиот дел од Земјината топка се смрзнуваат, пејачката фаќа бронзена боја. Го покажа и виткото тело во минимално леопард бикини.
Свршеникот Калум Турнер вљубено ја мачка по задникот без разлика на тоа што се на плажата на која има многу љубопитни луѓе. Воедно времето и на двајцата им поминува прегрнати во шетањето по песочните лагуни.
И не само по плажите, вљубената Липа, открива дека игра и карти со Калум. На фановите им се фали и со летен проѕирен фустан, а појадува покрај базенот со сина солена морска вода. И сетоа тоа се разбира дека многу пари чини. За финансиски богатата пејачка, тоа е мала сума, како да влегла во некој маркет да пазари. (Д.М.) foto>Instagram-Dua












