Цело Сараево е во шок по трагичната смрт на 23-годишниот млад човек, младиот уметник Ердоан Моранкиќ, кој почина во несреќата со трамвајот во Сараево во четврток. Во истата несреќа, 17-годишната Ела Ј. беше тешко повредена, а лекарите мораа да ѝ ја ампутираат ногата.
Според последните информации, Ела е сè уште во тешка состојба, на одделот за интензивна нега.
Целиот регион се надева дека Ела ќе може да излезе како победник од оваа тешка битка, а особено Сараевчани, кои отворено ја поддржаа. Имено, на Скендерија во текот на ноќта се појави транспарент: „Борба за правда, Ела издржи“.
Во несреќата беа повредени уште три лица, кои беа пуштени на домашно лекување во стабилна состојба.
Несреќата се случи во четврток, 12 февруари околу пладне кога трамвај, кој доаѓал од правец на Железничката станица, со голема брзина влегол на раскрсницата во близина на Техничкото училиште, излетал од шините и повредил четири лица, а едно лице го загубило животот на трамвајската станица.
Не е прва несреќа: Трамваите во Сараево и претходно излетувале од шините на истото место











