Државниот врв се поклони пред спомениците на Карев, Ченто и на АСНОМ/ФОТОГАЛЕРИЈА

42
Foto: P. Stojanovski

По повод 2 Август, Денот на Републиката, премиерот Христијан Мицкоски даде изјава и на граѓаните им го честиташе големиот празник Илинден.

– Овој ден нека нѐ потестува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија – изјави Мицкоски.

Тој истакна дека нивната жртва нѐ потестува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас.

– Држава во која што ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде на сите без разлика на етничка припадност. Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија – рече Мицкоски.

Премиерот положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието, по што положи цвеќе и пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.

Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја предводи и партиската делегација што чествува во Ташмаруништа.

ИЗДВОЕНИ