Државниот симфониски оркестар од Солун во Скопје со сопранистката Мирто Папатанасиу и пијанистот Симон Трпчески

47

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во своето 66-годишно постоење ќе настапи во Скопје.

Концертот ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија, на 17 мај, од 19:30 часот, а ќе настапат водечката грчка сопранистка, Мирто Папатанасиу, и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчески. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент, Владимирос Симеонидис.

На програмата се дела од познатиот француски композитор Морис Равел (1875-1937) и од неговиот грчки студент, Емилиос Ријадис (1880-1935), по повод чествување на 150-годишнината од раѓањето на Равел и 90-годишнината од смртта на најголемиот солунски композитор, Емилиос Ријадис. На концертот, светска премиера ќе има симфониската свита од операта „Галатеија“ од Ријадис.

Проектот се спроведува во рамките на националниот план за закрепнување и отпорност „Грција 2.0“, финансиран од Европската Унија – NextGenerationEU.

ИЗДВОЕНИ