среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Државниот архив објави оригинална шифрирана порака на Гоце Делчев

Државниот архив објави оригинална шифрирана порака на Гоце Делчев

406

Автентичен и оригинален документ напишан од Гоце Делчев денеска објави Државниот архив. До објавувањето на оригиналниот документ доаѓа ви чест на денешното одбележување на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери и визионери.

-Ова е шифрирана азбука со која Делчев контактирал со четите околу снабдувањето со оружје и движењето низ населените места во Македонија. Со оваа азбука се обезбедувала тајноста на комуникацијата, а нејзината употреба претставува доказ за високата организациска способност и стратегиска мисла на македонското револуционерно движење – се наведува во објавата на Фејсбук-страницата на Државниот архив.

Во објавата се додава дека преку ваквите документи денес можеме да ја почувствуваме живата врска со минатото и да ја разбереме големината на борбата за слобода и независност.

-Гоце Делчев не бил само борец со оружје, туку и интелектуалец кој знаел дека силата на народот лежи во знаењето, дисциплината и единството – наведуваат од Архивот. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ