Германска државјанка го вратила врвот на столбот што го украла од локалитетот Олимпија пред повеќе од 50 години во Грција, објави денес грчкото Министерство за култура, пренесе „Бета“.
Врвот на столбот од варовник, висок 24 сантиметри и широк 33,5 сантиметри, бил украден од Леонидаион, пансион од 4 век п.н.е., и е третиот предмет вратен во Грција во последниве години од германскиот универзитет во Минстер, кој вчера го врати најновиот артефакт.
„Мотивирани од неодамнешното враќање на важни антиквитети од Универзитетот во Минстер во нивната земја на потекло, одлучи да ги предаде на универзитетот, кој се обврза да ги врати во Грција и античка Олимпија“, соопшти министерството, пофалувајќи ја чувствителноста и храброста на лицето одговорно за кражбата.
Во 2019 година, Универзитетот во Минстер врати вински пехар што му припаѓал на шампионот на првите модерни Олимписки игри во Атина во 1896 година, а минатата година врати мермерна машка глава од римската ера од гробиштата во Солун.
Најновото предавање „докажува дека културата и историјата не познаваат граници, туку бараат соработка, одговорност и меѓусебно почитување“, рече Јоргос Дидаскалу, службеник во грчкото Министерство за култура.
Атина со години се обидува да врати голем број антиквитети без да покрене судски постапки, а главната цел останува враќањето на фризот на Партенон, кој се наоѓа во Британскиот музеј од 19 век.