понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Државата продолжува да се грижи за националните паркови

Државата продолжува да се грижи за националните паркови

10

Државата продолжува да вложува во националните паркови како клучен столб на заштитата на природното наследство и развојот на одржливиот туризам. Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на парковите Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди континуираната поддршка на Министерството за нивниот развој и одржливо управување.

– Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот буџет обезбеди наменски средства за активности за заштита и за промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој – истакна министерот Хоџа.

На средбата беше нагласено дека националните паркови не се само заштитени подрачја, туку и важен двигател на локалниот економски развој и на екотуризмот. Министерството ќе продолжи да ги поддржува активностите преку подобрување на законската регулатива, стабилна финансиска поддршка и координација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ-програмата и други меѓународни партнери.

Со овие мерки се очекува да се зајакне управувањето, да се унапреди заштитата на биолошката разновидност и да се развива зелена инфраструктура во националните паркови. Денес, парковите претставуваат значајни екотуристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.

 

ИЗДВОЕНИ