Државата го доби случајот „Казандол“, заштедени 115 милиони евра

31

Државата го доби случајот „Казандол“, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, за донесената пресуда во арбитражната постапка во која беше тужена државата од неколку инвеститори.

– Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека го добивме овој случај, сите 11 основи по кои беше тужена државата се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресудата е целосно во наша корист, а случајот воопшто не беше лесен – подвлече Николоски.

Тој информираше дека Владата донела одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридорот 8. ЕУ ќе обезбеди 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде Европската банка за обнова и развој, која ќе избере консултант, по што ќе се оди на втората фаза – работа на терен.

Како што истакна Николоски, линијата е во лоша состојба и сега е невозможно да се движат возови по неа.

– Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме. Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел- локомотиви – рече Николоски.

Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.

 

ИЗДВОЕНИ