Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник

19

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник.

– По повод Стара нова година, заедно со децата и нивните родители, се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење пита со паричка, а градоначалничката, покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња што им беа потребни за подобро функционирање на клубот – соопштија од Општина Кисела Вода.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

– Особено ми е драго што заедно ја одбележавме Стара нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија што реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот –истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ