сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дрска кражба на злато во дуќан во ГТЦ

Дрска кражба на злато во дуќан во ГТЦ

1424

Вчера точно напладне двајца Романци ограбиле златарница во Градскиот трговски центар. Полицијата ги уапси и за нив ќе има брза постапка бидејќи се странски државјани.
Ги уапсила интервентната полиција при бегство со украденото злато. Двајцата се млади полнолетници на 19 години.
-Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале. Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

 

ИЗДВОЕНИ