Дронови над француската воена база во Марн, властите тврдат дека не се воени

18

Неидентификувани дронови беа забележани над воената база Мурмелон-ле-Гранд во департманот Марн во североисточна Франција минатиот викенд, соопштија денес француските власти.

Според властите, станува збор за мали беспилотни уреди, а не за воени дронови.

Инцидентот е опишан како „исклучителен“, а властите нагласија дека во моментов нема причина да се верува дека станува збор за активност на странски држави, пренесува RFI.

Локалните медиуми известуваат дека инцидентот се случил ноќта помеѓу недела, 21 септември и понеделник, 22 септември.

Откако беа забележани неколку неидентификувани дронови, беше отворена истрага и беа преземени безбедносни мерки.

Француската воена база се протега на повеќе од 10.000 хектари.

Инцидентот во Франција се случува во време кога неколку европски земји пријавија слични провокации во воздушниот простор.

Во последните денови, руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија.

Исто така, оваа недела беа издадени предупредувања за неидентификувани беспилотни летала што беа забележани над воените објекти во Данска, Шведска и Норвешка, што доведе до привремено затворање на аеродромите.

ИЗДВОЕНИ