Дронови ќе ги обезбедуваат изборите и в недела

123

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден.

Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна – да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што се преземаат сите неопходни мерки со цел граѓаните слободно да го остварат своето демократско право на глас, без притисоци, страв или закани.

Воедно, беше истакнато дека нема и нема да постои толеранција за ниту едно незаконско дејствување, а секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде санкциониран со брза, професионална и одлучна полициска реакција.

Како и во првиот изборен круг, полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени во близина на избирачките места и на сите потенцијално ризични локации, а безбедносните активности ќе бидат засилени со користење на модерни технички средства, вклучително и воздушно набљудување со дронови, информираа од полицијата.

ИЗДВОЕНИ