Дрон го погоди познатиот руски облакодер, експлозијата разнесе неколку катови/ВИДЕО

2
screenshot X

Украински дрон го погоди утрово облакодерот „Грозни-Сити“ во главниот град на Чеченија, предизвикувајќи силна експлозија, која уништила повеќе катови од еден од најпрепознатливите објекти во регионот.

Првите извештаи се појавиле на Телеграм, а потоа ги потврди и украинската група за мониторинг „Ексиленова плус“ и рускиот провладин портал „Ридовка“.

Снимките од местото на настанот покажуваат дека дронот го погодил облакодерот на 28-миот кат, разнесувајќи ја фасадата.

Чеченските власти сè уште не дале коментар. Во облакодерот се наоѓаат некои од најчувствителните институции на републиката, вклучувајќи го Чеченскиот совет за безбедност, Министерството за туризам, Државната комора за ревизија, регионалната изборна комисија, локалната канцеларија на Министерството за правда и канцелариите на партијата „Единствена Русија“ и државната нафтена компанија „Чеченнефтехимпром“.

ИЗДВОЕНИ