среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Дрон фрли кеса со боја врз руската амбасада во Шведска

Дрон фрли кеса со боја врз руската амбасада во Шведска

38
EPA/65th Mechanized Brigade / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Руската амбасада во Шведска повторно беше нападната со дрон, од кој беше фрлена пластична кеса со боја, соопшти денес дипломатската мисија.

„Рано наутро на 7 септември, руската амбасада во Шведска повторно беше изложена на напад со дрон, од кој беше фрлена пластична кеса со боја на територијата на дипломатската мисија. Претходниот напад со дрон врз амбасадата се случи на 25 мај. Потоа, на 17 јуни, 5 јули и 21 август, руската трговска мисија во Стокхолм беше изложена на вакви напади“, се вели во соопштението на дипломатската мисија на нејзиниот Телеграм канал, кое го пренесува новинската агенција РИА.

Во соопштението се наведува дека нападите со дрон врз руската амбасада и трговската мисија во шведската престолнина траат повеќе од една година и дека тие станаа практично систематски феномен.

ИЗДВОЕНИ