Драстична одлука на Трамп: Ја суспендираме миграцијата од земјите од третиот свет!

168
EPA/GRAEME SLOAN / POOL

Еден ден откако двајца припадници на Националната гарда беа ранети во пукотница во Вашингтон, a утрово гардистката почина од тешките повреди, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави својата намера „трајно да ја суспендира имиграцијата од сите земји од третиот свет“.

Инцидентот веднаш стана политичка јаболка на раздорот, бидејќи Белата куќа воведува уште построги мерки против имигрантите.

Во порака објавена доцна во ноќта на социјалните мрежи, претседателот прво упати честитки за Денот на благодарноста, а потоа објави дека неговата администрација планира да „ги укине сите федерални бенефиции и субвенции за нерезиденти“ и да ги отстрани „секој што не е нето добивка за Америка“.

Сепак, не беше објаснето како може да се спроведе таква сеопфатна „пауза“ за имиграцијата, особено имајќи предвид дека претходните обиди наидоа на отпор од судовите и Конгресот.

Трамп претходно објави дека Сара Бекстром, една од двајцата ранети припадници на гардата во близина на Белата куќа, починала во болница. Властите се сомневаат дека напаѓачот бил Рахманула Лаканвал, Авганистанец кој пристигнал во САД во 2021 година како дел од програмата на Бајден за евакуација од Авганистан.

Ен-Би-Си објави дека 20-годишната Бекстром била дел од 863-та воена полициска чета. Трамп ја опиша како „многу почитувана, млада, прекрасна личност“.

Другиот ранет гардист, 24-годишниот Ендру Волф од американските воздухопловни сили, е сè уште во сериозна состојба.

Трамп нареди проверка на зелените карти на имигранти од 19 земји: Кои се на листата?

 

ИЗДВОЕНИ