Драматично предупредување: Доаѓа најстудената зима во последните 20 години, со температури до минус 25 степени Целзиусови

155

Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, предупреди дека Европа и Русија се соочуваат со најстудената зима во последните 20 години, со температури околу минус 25 степени Целзиусови.

Милер на Меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург изјави дека долгорочните временски прогнози укажуваат на претстојното доаѓање на аномално студена зима во Европа и Русија, истакнувајќи дека ваквите зими се случуваат приближно еднаш на секои 20 години.

„Во конкретни бројки, ова би значело температури околу минус 25 степени Целзиусови“, додаде Милер.

Тој истакна дека снабдувањето со гас во Европа оваа година е влошено во споредба со претходната, нагласувајќи дека испораката на овој извор на енергија од Русија претставува пријателска рака за европските партнери, пренесува „Спутник“.

Милер рече дека обидите за „распаѓање“ на оваа компанија од почетокот на 1990-тите години се поврзани токму со ризиците во текот на есенскиот и зимскиот период и намерата земјата да се лиши од овој потенцијал.

ИЗДВОЕНИ