Голем пожар избувна синоќа во населбата Јесеница, во општината Дуги Рат, недалеку од Сплит, а хрватските медиуми јавуваат дека на местото на настанот се наоѓаат повеќе од 130 пожарникари и 44 возила.
Пожарот е долг околу три километри, a непристапниот терен го отежнува гаснењето, но куќите и станбените згради се заштитени.
Според ХРТ, во опасност се и куќите, а за гаснење на пожарот се користат три противпожарни возила.
„Според достапните информации, изгоре една ненаселена зграда, но пожарникарите успеаја да ги одбранат куќите и станбените згради кон кои се движеа пламени во должина од околу три километри“, изјави за Хина во понеделник Паве Томиќ, командант на ДВД Далмација – Дуги рат
Пожарот се спушти и во близина на Јадранската магистрала, но пожарникарите го спречија неговото напредување.