Денес во зори во елитниот кварт Кјаја во Неапол избувна катастрофален пожар, кој го зафати и Театро Саназаро. Пламените јазици брзо се проширија и зафатија голем дел од улицата.
Куполата на театарот e целосно уништена. Жителите во областа наводно претрпеле труење од чад, а четири лица се префрлени во болница како мерка на претпазливост. Воздухот стана неподнослив за дишење од раните утрински часови.
Napoli, vasto incendio a via Chiaia. Brucia la cupola del Teatro Sannazaro https://t.co/wFyFZKSr6G
— Luca Faccio (@lucafaccio) February 17, 2026
Нивната состојба не е критична.
Некои снимки објавени од жителите на социјалните мрежи покажаа пламен како проголтува стан во зградата веднаш до историскиот театар, кој е претежно направен од дрво. Тревогата ја вклучија жителите од околината на зградата, која е исто така центар за театарска продукција со значајна историја. Многу луѓе објавија фотографии од пожарот, а веста се прошири како молња на социјалните мрежи. Облаци од чад што се издигаа кон небото можеа да се видат од далеку, особено од делот од брегот пред една од најелитните области на градот.
Бројни пожарникари се на местото на настанот, а пристигна и полицијата за да ја испита причината за пожарот. Според првите неофицијални информации од истражни извори, пожарот веројатно е предизвикан од краток спој.
Многу жители на Виа Кјаја, една од најшармантните и најелитните улици во Неапол, се пожалија на „неподнослив воздух“.











