среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Драматична сцена од Непал: Надојдена река урна мост – конструкцијата попушти под...

Драматична сцена од Непал: Надојдена река урна мост – конструкцијата попушти под водниот нанос/ВИДЕО

0
Foto: Printscreen/VIdeo/X

Драматични снимки од Непал го прикажуваат моментот кога моќен воден нанос урива дел од мост, додека надојдената река носи огромни количини вода, кал и седимент.

Видеото покажува како водата ја удира конструкцијата на мостот, по што еден дел од него попушта и исчезнува во надојдената река со облак од прашина и вода.

Снимката трае помалку од една минута, а камерата е насочена кон мостот и широкото, целосно надојдено речно корито.

Во еден момент, конструкцијата попушта под напливот на вода, а дел од мостот се урива, додека поројот продолжува да носи големи количини материјал низводно.

Снимките го покажуваат обемот на катастрофалните поплави што го погодија Непал во среда, 26 август, откако голема количина вода дојде од правец на Тибет преку реката Бхоте Коши.

Најмалку 19 мостови уништени
Според прелиминарните податоци од Одделот за патишта на Непал, поплавите во речниот систем Бхоте Коши-Тришули оштетиле најмалку 19 мостови и околу 40 километри патишта.

Тешка механизација е испратена во погодените подрачја за расчистување на патиштата и започнување со обновување на сообраќајните врски, додека проценките на штетите сè уште се во тек.

Поплавите предизвикаа и голема штета на енергетската инфраструктура, при што неколку хидроелектрани беа погодени или исклучени од електроенергетскиот систем.

Потрагите по исчезнати лица и спасувачките операции продолжуваат во погодените подрачја на Непал.

ИЗДВОЕНИ