понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ Драматичен вооружен напад во Италија : Дигнати во воздух две возила за...

Драматичен вооружен напад во Италија : Дигнати во воздух две возила за траспорт на пари  

108

Утрово , на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи, се случи драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, пишува Раи Њуз.

Со брзата акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на бандата. Тие беа лоцирани во областа на северен Саленто, каде што силите на редот веднаш го насочија пребарувањето. Истрагата е во полн ек додека се бараат други членови на групата.

Според најновите информации, напаѓачите дигнале во воздух дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се веруваше, објавува Раи Њуз. Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а разбојниците, за да го запрат, попречиле друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.

По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сообраќај во двата правци.

ИЗДВОЕНИ