Драматичната ситуација во Милвоки бакс трае веќе подолго време и како што известува доброинформираниот Џејк Фишер, таа се „готви“ во Висконсин додека Јанис Адетокумбо да донесе конечна одлука.

Досега, грчката кошаркарска ѕвезда не побара да си замине, па затоа Бакс не ги разгледуваше сериозно понудите што ги доби, кои не се малку.

Милвоки има скор од 11 победи и 16 порази со 11 загубени натпревари на последните 14, додека Јанис е надвор од игра поради повреда на листот.

Исто така, се зборува дека тие следат што се случува во Сакраменто кингс и дека го „гледаат“ Зак Левин, за кого пројавуваат интерес и во Портланд, каде што се заинтересирани и за Џереми Грант.

Фишер вели дека му било кажано дека Милвоки бакс бара „големи риби“ на пазарот и дека ќе направи сè што е во негова моќ да го задржи Адетокумбо.

Од друга страна, се чини дека Расел Вестбрук нема да остане уште долго во Сакраменто, каде што пристигна на почетокот од сезоната, кога го напушти Денвер.

Како и во Милвоки така и во Сакраменто посакуваат да го доведат Зак Лавин, а покажуваат интерес и за Демар Дерозан.

Сакраменто има една од најлошите сезони, бидејќи моментално има шест победи и 20 порази и е на претпоследното место на Западот, веднаш зад Њу Орлеанс пеликанс и Лос Анџелес клиперс.

ИЗДВОЕНИ