Драма во Скопје: Се степале жена и нејзиниот партнер, па и двајцата пријавиле во полиција

42

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.

Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријавил дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa фрлала разни предмети кон него, а притоа оштетила дел од поќукнината.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ