Денес, вистинска драма се одвиваше на олипискиот центар Јахорина кога дете висеше од ски-лифт.
Како што објави порталот „Дринаинфо“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето беше успешно изнесено на земја.
Објавеното видео прикажува две лица како го држат детето како виси од седиштето, додека толпата трча за да му помогне безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме дека пред четири дена, на „Јахорина“ се одвиваше драма кога дете падна од ски-лифт.
Јавноста беше шокирана од видео од Јахорина на кое се гледа дете во целосна ски-опрема како виси од ски-лифтот, а потоа паѓа на земја од голема висина.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда и е испратено во неговата матична институција во Нови Сад на понатамошно лекување“, соопштија од Болницата „Србија“, пренесе „Вјести.ба“.












