Драма во Истанбул: Авион од Приштина излета од пистата веднаш по слетувањето

0
Фото:принтскрин, „Икс“

Авионот на компанијата „ADJet“, тип Боинг 737-800, кој го оперираше летот Приштина-Истанбул со број TKJ76Q/VF102, излета од пистата веднаш по слетувањето на аеродромот Сабиха Гокчен во Турција.

Според официјалните информации, авионот застанал на работ на пистата, додека сите патници биле безбедно евакуирани преку надворешни скали, без потреба од користење на лизгалката за итни случаи, пишува Индексонлајн.

Авион на рутата Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истабул. Инцидентот се случил откако леталото, по приземјувањето, наместо да продолжи по патеката за рутирање, излетало на мека земјена површина и застанало на крајот од пистата.

Како што информира Амбасадата на Косово во Турција, нема повредени патници или членови на екипажот.

Од компанијата AJet дополнително изјавија дека авионот извел регуларно слетување, но поради обилни врнежи од дожд, при рутирањето излетал на мека земјена подлога.

Турските власти работат на расчистување на инцидентот и утврдување на сите околности.

ИЗДВОЕНИ