Патниците на летот на авио-компанијата ТАРОМ, меѓу кои и неколку европратеници, биле принудени да останат во авионот околу 40 минути поради сомнителен куфер пронајден на аеродромот во Стразбур, за кој подоцна се покажа дека е заборавен багаж.
Инцидентот се случил помеѓу 10 и 11 часот по локално време кога слета летот на ТАРОМ, кој полетал во 9 часот наутро од Букурешт, а патниците биле информирани дека нема да можат да се симнат од авионот од безбедносни причини, објавува Digi24.
Сомнителниот куфер бил откриен во дел од аеродромот, кој бил блокиран неколку десетици минути додека властите ги вршеле потребните проверки.
По 40-минутно чекање, аеродромот бил деблокиран, а патниците се симнале.
Според Digi24, меѓу патниците имало романски европратеници и новинари.











