Авионот во кој се наоѓаше американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, испрати сигнал за помош над Атлантскиот Океан по враќањето од самитот во Рамштајн. Авионот Ц-32А нагло се спушти на надморска височина од 3.000 метри и го смени курсот кон Обединетото Кралство, предизвикувајќи загриженост и паника во меѓународните безбедносни кругови.
Авионот во кој се наоѓаше американскиот министер за одбрана Пит Хегсет испратил сигнал за помош додека летал над Атлантскиот Океан, веднаш по самитот во Рамштајн во Брисел, според повеќе меѓународни извори.
Додека авионот се враќал од Европа кон Соединетите Американски Држави, одеднаш го регистрирал сигналот „7700“ – меѓународниот код за означување опасност или вонредна состојба во авионот. Овој сигнал се активира само во случаи кога има сериозен проблем во летот, без разлика дали станува збор за технички дефект или медицински инцидент во авионот.
Станува збор за воен авион C-32A, познат и по цивилната ознака Boeing 757, кој се користи за превоз на врвни американски функционери. Според достапните податоци од местата за следење на летовите, авионот одеднаш се спуштил на надморска височина од околу 3.000 метри, по што го променил правецот и почнал да лета кон територијата на Обединетото Кралство.
Во времето кога бил активиран сигналот „7700“, авионот се наоѓал над Северниот Атлантик, на рутата што ги поврзува Белгија и источниот брег на САД. Инцидентот предизвикал загриженост кај безбедносните структури, со оглед на тоа што станува збор за лет на кој патувал еден од клучните луѓе на американската администрација.
Засега нема официјални информации за причината за инцидентот, но воени извори истакнуваат дека може да станува збор за технички проблем што екипажот се обидел да го реши со превентивно намалување на надморската височина и промена на курсот. Некои медиуми шпекулираа и дека е можно да станува збор за здравствен проблем на член на екипажот или патник, но тоа сè уште не е потврдено.
Во секој случај, сигналот „7700“ автоматски ги алармира контролата на воздушниот сообраќај и националните служби за итни случаи, што предизвика брз одговор и следење на движењата на авионот сè до моментот кога почна да се приближува кон воздушниот простор на Обединетото Кралство.
Видео снимките и радарските податоци што се појавија на мрежите го покажуваат моментот кога авионот одеднаш го променил курсот и почнал да се спушта, што дополнително ја зголемило драмата околу овој лет.