149 лица се заглавени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка откако еден пат беше уништен во бура, а 117 туристи ќе бидат евакуирани, соопшти денес прес-службата на локалните власти.
Во соопштението се наведува дека тие се заглавени на туристичката рута на вулканот, дека 117 туристи ќе бидат евакуирани со хеликоптер, додека преостанатите 32 лица кои се возачи ќе останат на местото, објави ТАСС.
Се нагласува дека туристите и водичите ќе бидат евакуирани со хеликоптер до селото Есо, од каде што ќе бидат транспортирани со автобуси до Петропавловск-Камчатски.
Туристите останаа заглавени во саботата во близина на вулканот Толбачик на Камчатка откако силна бура го уништи патот.
Се формирале длабоки клисури, што го оневозможува пристапот за возила, пренесува Танјуг.












