НБА не дозволува местење натпревари и „тенкирање“ поради „драфтот“. Токму тоа го направи Јута на натпреварот против Орландо, пред неколку дена. Сега е казнета за тоа со 500.000 долари, додека Индијана ќе плати 100.000 долари за слична одлука.

  • Овој вид однесување во кое ѝ се дава приоритет на позицијата на „драфтот“ наместо на победата на натпреварот, ја поткопува суштината на НБА. Секој сличен потег во иднина ќе има соодветен одговор од наша страна, нема да дозволиме да биде компромитиран интегритетот на кошарката – рече комесарот на НБА, Адам Силвер.

Инаку, Јута ја заврши третата четвртина од натпреварот со Орландо со водство (94:87), но тренерот Вил Харди потоа одлучи да ги остави на клупа сите стартери, освен Ејс Бејли: Лаури Марканен, Џарен Џексон Џуниор, Кијонте Џордан и Јусуф Нуркиќ за целата последна четвртина.

Индијана направи нешто слично на натпреварот против Јута, на 3 февруари, кога ги одмори Паскал Сијакам и двајца стартери. Тие се обидоа да го прикријат тоа, велејќи дека станува збор за повреда, но претставниците на НБА открија дека не е вистина тоа откако ги прегледаа медицинските извештаи. Пејсерс се извлече со полесна казна, бидејќи не го направи тоа во текот на натпреварот.

ИЗДВОЕНИ