петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Драчево повторно добива свое кино

Драчево повторно добива свое кино

342

Привршува  поставувањето на најсовремената опрема во новото кино во Драчево кое се наоѓа во рамките на Домот на културата. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека по две децении, веќе оваа есен ќе започнат и првите кинопроекции во ова кино во Драчево.

– Покрај Кисела Вода, сега и драчевци ќе бидат дел од „Киноверзум“ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом. Жителите на Драчево веќе нема да мора да патуваат километри за да го доживеат филмското искуство. Сега, културата доаѓа кај нив, достапна, блиска и современа – нагласи Ѓорѓиевски

ИЗДВОЕНИ