Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и Видевски, таткото на Вања ослободен од обвинението

940
Фото: Ѕ.Плавевски

Обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Љупчо Палевски за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска се осудени на казни доживотен затвор на крајот на првостепениот процес во Кривичниот суд Скопје. Истовремено, Судот пресуди дека таткотото на Вања, Александар Ѓорчевски се ослободува од обвинението.

Судскиот процес се водеше за едно од најтешките злосторства во Македонија – за грабнувањата и за ладнокрвната ликвидација на велешанецот Панче Жежовски (74) и на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, извршени на 22 ноември и на 27 ноември 2023 година.

Судијата Ивица Стефановски ги упати семејствата на убиените на граѓанска постапка за побарување отштета.

Јавното обвинителство побара четворицата да останат во притвор до правосилност на пресудата, а тоа е побарано и за Ѓорчевски до правосилност на пресудата.

ИЗДВОЕНИ