За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе бидат од 2 до 6 степени.
Според прогнозата на УХМР, од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла во одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.












