Дожд и нестабилно време и во наредните денови

36

Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено претпладне во југозападните и западните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднатна повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

ИЗДВОЕНИ