Пијте ја оваа напивка половина час пред спиење и ќе заборавите на многу здравствени проблеми.
Дровните од природата ни помагаат преку исхраната да си го подобриме здравјето и на тој начин да го зајакнеме нашио имунолошки систем. Секој народ има свои природни лекови, а во кинеската медицина циметот има посебно место.
Медот и циметот не се само идеална комбинација за колачи, туку имаат и неколку позитивни ефекти на човековото здравје, по што се познати низ светот.
Цејлонскиот цимет и медот се познати со векови, а особено се популарни во кинеската народна медицина. Медот има својство никогаш да не му истекува рокот на траење, додека циметот некогаш бил толку скапоцен што само царот можел да го добие за подарок.
Денес медот и циметот им се достапни речиси на сите, а нивната ефикаснот е докажана со разни научни студии. А, комбинацијата од мед и цимет не само што звучи вксуно, туку и навистина е.
Во 200 милилитри зовриена вода ставете две лажичиња цимет и една лажица мед. Изрендајте малку свеж ѓумбир, па додадете три лажици свежо исцеден сок од лимон и покријте ја мешавината со чинивче. Половина час пред спиење испијте половина од оваа напивка, а втората половина испијте ја наутро откако ќе се разбидните, на гладно.
Оваа напивка го регулира варењето, има силно противвоспалително дејство, добра е во лечењето кашлица и на дишните патишта, а ја ублажува и мигрената.