Дотраените контејнери се заменуваат со нови

45

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри.

Оттаму информираат дека на локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови, наменети за фрлање на комуналниот отпад.

Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следниве скопски општини: Ѓорче Петров – на улиците „Васил Чакаларов“, „Ѓорче Петров“ и „Никола Пушкаров“; Карпош – на улицата „Рузвелтова“; Центар – на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Партизански одреди“ и на улиците „Орце Николов“ и „Кочо Рацин“; Чаир – на булеварите „Филип Втори“ и „Крсте Петков Мисирков“ и на улицата „Џон Кенеди“.

ЈП „Комунална хигиена“ соопшти дека и во претстојниот период ќе продолжи со активностите за замена на старите пластични контејнери во сите скопски општини.

 

ИЗДВОЕНИ