Досега се разгледани помалку од еден процент од документите за Епстин – не е јасно кога ќе биде објавена следната серија досиеја

39
Фото: EPA/LUKE JOHNSON

Министерството за правда на САД објави дека досега разгледало помалку од еден процент од документите што би можеле да бидат поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Од вкупно повеќе од два милиони документи, надлежното министерство објави околу 12.285 документи или 125.575 страници, додека милиони други се уште се во фаза на преглед, вклучувајќи е-пошта, судски поднесоци, белешки од интервјуа на ФБИ и снимки од судски постапки, објавува „Си-би-ес“.

Законот дозволува редакција на податоци што го откриваат идентитетот на жртвите и материјали за сексуална злоупотреба на деца.

Конгресменот Чак Шумер го критикуваше одделот за неговото бавно темпо и го обвини за „прикривање“, велејќи дека конгресниот закон бара целосна и навремена транспарентност.

Не е јасно кога ќе биде објавена следната серија документи, но Министерството за правда вели дека прегледувањето на милионите нови документи би можело да потрае уште неколку недели.

Министерството за правда на САД откри кон крајот на декември дека сè уште има 5,2 милиони страници од досиејата на Епстин за преглед и дека му се потребни 400 адвокати од четири различни министерства за да помогнат во процесот до крајот на јануари, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на владин документ што го видел.

Во документот се вели дека тоа веројатно ќе го одложи конечното објавување на документите многу по рокот од 19 декември што го постави Конгресот, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ