Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, беше на увид на новоизградениот булевар во Кичево.

– Се работи за проект што го работиме заедно со Светска банка и е во вредност околу 24 милиони денари, кои беа инвестирани – изјави Николоски.

Проектот опфаќа поплочување тротоари, поставување комплетно нов асфалт, хортикултурно уредување и поставување вертикална и хоризонтална сигнализација.

– Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на Општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде повеќе од два милиона евра само за Општина Кичево, на бројни проекти, кои ќе се реализираат во сите населени места – рече Николоски.

Тој најави дополнителни инвестиции во Општина Кичево.

– Сакам да најавам дека ќе има дополнителна поддршка од Министерството за транспорт, од два милиона евра, само за Општина Кичево – рече Николоски.

 

ИЗДВОЕНИ