Општина Центар од УНОПС, во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, треба да прими донација од 60 садници, расадени дрвја, стари 2-3 години, од видот Platanus orientals или чинари.
Тие треба да бидат засадени во дворовите на однапред определени училишта на територијата на Општината, што ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на воздухот и унапредување на урбаниот пејзаж.
Двестотини садници и растенија со различен вид и големина, дава градежна компанија за разубавување на просторот и реконструкција на трите жардињери зад блокот на „Агромеханика“, а треба да се реализира наредниот месец.
За приемот и на двете донации, кои се ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на Општина Центар, што треба да се одржи в четврток, зелено светло треба да дадат советниците.