Над 2000 садници сезонско цвеќе беа поделени во општина Кисела Вода во рамките на волонтерската акција што ја организираше ТИТАН Усје по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни. На настанот, менаџментот на компанијата и над 40 вработени на жителите на општината Кисела Вода во паркот „Шопен“ и во паркот кај културниот дом „Билјана Беличанец“ делеа садници со сезонско цвеќе.
Акцијата за одбележување на „Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни, ТИТАН Усје ја спроведува со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“. На настанот учествуваа и претставници од оваа академска институција, како дел од соработката со ТИТАН Усје во рамките на меморандумот за соработка кој беше потпишан неодамна.
Како дел од акцијата беа донирани и садници кои ќе бидат засадени на посебна локација на територијата на општината Кисела Вода. Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина е во рамките на активностите на ТИТАН Усје за одбележување на јубилејот 70 години од основањето.
Компанијата ТИТАН Усје во континуитет работи на развој и реализација на проекти од интерес на заедницата. Во проекти од областа на заштитата на животната средина, образованието, како и соработка со академската заедница, досега се инвестирани 950.000 евра. ТИТАН Усје неодамна го започна и проектот „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, во рамките на кој, за само неколку месеци, над 200 ученици од основните училишта од општина Кисела Вода поминаа обука за 3Д печатење.