Донирајте пакетче преку платформата – Хуман маркет

76

Хуманитарната организација „Свети спас“ воведе нов начин на донирање новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, но и храна.

Станува збор за платформата https://humanmarket.mk/ – Хуман маркет, преку која сега имате можност да донирате од дома, да донирате онлајн, со тоа што ќе може да изберете што ќе купите, а хуманитарната организација ќе го достави онаму каде што е потребно.

– Новогодишно пакетче најлесно ќе можете да донирате преку Вашата картичка, каде што избирате дали сакате да бидете анонимни или не и сите трансакции на самата страница се јавно објавени. Можете да купите и да донирате и храна, која благодарение на вас, ќе биде донирани на социјално загрозени семејства преку хуманитарната организација – објаснуваат од „Свети Спас“.

Оттаму додаваат дека преку Хуман маркет се овозможува полесно донирање и онлајн купување на донации.

 

 

ИЗДВОЕНИ