Тимот на Мекларен ја пропушти шансата да ја добие трката во Катар поради сопствена грешка. Лошата реакција и лошата тактика на тимот, кој ја одбрани титулата кај конструкторите, се виновни за сè.

Мекларен ја пропушти можноста да ги смени гумите кога безбедносното возило беше на патеката, што доведе до губење на трката, или поточно, до губење на победата од Макс Верстапен.

На крајот, Оскар Пјастри заврши на второто место, додека лидерот во генералниот пласман, Ландо Норис, мораше да се задоволи со четвртото место.

По трката во Лусаил, Андреа Стела од тимот на Ред Бул објави дека ќе биде поведена истрага за лошите одлуки на патеката во Катар.

  • Јасно е дека сè направивме со причина, а тоа е дека не сакавме да се најдеме во застој откако влеговме во боксот. Но, сите други тимови размислуваа поинаку кога безбедносното возило излезе во седмиот круг. Сите отидоа да сменат гуми, што доведе до тоа нашата одлука да останеме на патеката да биде погрешна на крајот, кога ќе се погледне исходот од трката. Бидејќи Верстапен беше брз и гумите не се трошеа многу, оваа одлука беше фатална бидејќи Оскар ја контролираше трката и заслужи да победи, а Ландо остана без подиум, истакна Стела.

Ландо Норис има 12 бода предност пред Макс Верстапен пред последната трка во Абу Даби.

ИЗДВОЕНИ