Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ постигна 42 поени, имаше 8 асистенции и 7 скока за тимот на Лос Анџелес Лејкерс, но тоа не беше доволно да се победи Сакраменто. „Езерџиите“ загубија со 124:112 од еден од најлошите тимови во лигата. Во Сакраменто, Демар Дерозан постигна 32 поени, Малик Монк имаше 26, а Расел Вестбрук додаде 22.

Среќата беше подобра на другата страна од Лос Анџелес бидејќи Клиперс го победи Шарлот со 117:109. Најефикасен во победничкиот тим беше Каваи Ленард со 35 поени, а Џејмс Харден запиша 32 поени и 10 скока.

Јута го победи Кливленд со 123:112 на гостински терен, додека Индијана славеше против Бостон со 98:96. До победа дојде и тимот на Филаделфија на гости кај Торонто со 115:102, како и Далас против Бруклин со 113:105.

ИЗДВОЕНИ