Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ проговори за можноста еден ден повторно да се врати во Евролига. Дончиќ, кој порасна како кошаркар во редовите на Реал Мадрид, го носеше дресот на „кралскиот клуб“ од 2015 до 2018 година, пред да оди „преку барата“ и да ја започне својата НБА кариера со Далас Маверикс.

  • За да играш за Реал Мадрид, мора да бидеш многу добар, истакна Лука, а потоа откри дали ќе се врати во Реал на крајот од кариерата: „Секако“.

Дончиќ ја освои Евролигата со Реал Мадрид во 2018 година, со одличен настап што му ја донесе МВП наградата и на регуларната сезона и на Фајнал-форот.

Истата година, тој беше прогласен и за најдобар играч на шпанската АЦБ лига, во која три пати го крена шампионскиот трофеј за време на престојот во Мадрид.

 

ИЗДВОЕНИ